Економија

Даночните закони за опозицијата се товар, власта негира

14.07.2023 14:34

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ остро ги критикува предложените три даночни закони кои, според партијата, удираат по џебот на граѓаните. Министерот за економија е категорично против и смета дека се штитат најранливите категории граѓани…

Законите за персонален данок, за ДДВ и за солидарност, Владата сака да ги провне под европско знаменце и се дополнително оптоварување за граѓаните, особено лојалните кои ги намируваат давачките спрема државата, обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Нема никаква борба со сивата економија, вели претседателот на оваа партија, Христијан Мицкоски.

Во интервју за Глас на Америка, министерот за економија Крешник Бектеши е категоричен дека со ДДВ-то, Владата не удира по џебот на граѓаните. Се штитат ранливите категории и основните прехранбени производи кои најмногу се користат: лебот, маслото за јадење, оризот, јајцата, млекото. Зголемувањето се однесува на други, и се контролираат трговците.

Законите за додадена вредност и за добивка беа дел од даночната реформа.

Елизабета Митреска