Економија

Битиќи во компанијата Лакталис: Ги поддржуваме компаниите да инвестираат, да се развиваат и да отвораат нови работни места за граѓаните

15.07.2023 15:28

Вицепремиерот Битиќи информираше дека Лакталис успешно го заврши првиот инвестициски циклус за 2018-2019 година, за кој преку Законот за Финансиска поддршка на инвестициите ѝ беа исплатени над еден милион денари за поддршка за пораст на капитални инвестиции и приходи, и конкурентност на пазар.

„Работењето на компанијата Лакталис од Битола е вистинскиот показател за успешноста на Планот за економски раст поставен во 2017 година, преку кој Владата е на правиот пат да обезбеди економски раст и развој на нашата земја“, изјави заменик-претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, при посетата на компанијата Лакталис во Битола, која преработува млеко и врши производство на сирења.

Во неговата изјава после обиколката на производствените капацитети на компанијата, вицепремиерот Битиќи информираше дека Лакталис успешно го заврши првиот инвестициски циклус за 2018-2019 година, за кој преку Законот за Финансиска поддршка на инвестициите ѝ беа исплатени над еден милион денари за поддршка за пораст на капитални инвестиции и приходи, и конкурентност на пазар.

„Тоа што особено ме радува како вицепремиер е фактот што ја охрабривме Лакталис да влезе во нов инвестициски циклус, што тоа го направи во 2020 година, за што потпишавме договор во времетраење до крајот на 2024 година. За мерките поддршка за пораст на капитални инестиции и приходи и конкурентност на пазар, само за првите две години, на Лакталис, Владата ѝ исплати над 12 милиони и 500 илјади денари“, изјави Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи додаде дека целта на Планот за економски раст за поддршка на компаниите е партнерски да ги поддржи компаниите како Лакталис, да инвестираат, да се развиваат и да отвораат нови работни места за нашите граѓани.

Менаџерката за човечки ресурси во Лакталис, Весна Коруноска истакна дека компанијата благодарение на поддршката од Владата успеала да ги оствари своите планови за зголемување на производството и извозот, поради што е остварен и раст на профитот.