Жетвата на пченицата во најголемата житница започна, но жртвената еуфорија на најниско можно ниво
Актуелните цени на Светската берза од околу 10 денари за килограм пченица придонесоа жртвената еуфорија годинава и да не се чувствува. Ако нешто е позитивно е тоа што приносите по хектар ќе бидат од 4-6 тони или во рамките на натпросечното но квалитетот на зрното поради обилните дождови ќе биде слаб што ќе се одрази и на квалитетот на брашното...

Комбајните започнаа да го собираат лебното зрно во нашата најголема житница застапено на околу 12.000 хектари. По минатогодишната еуфорија од откупната цена на пченицата која резултираше со зголемување на посеаните површини за 2.000 хектари годинешнава жетва им носи загриженост по повеќе основи.
Сепак најголемиот негативен удар им го нанесе светската берза чиј откупен ценовник за килограм пченица се движи од 10-12 денари. Цена која како основа покрај и квалитетот на зрното ја применуваат и домашните купувачи кои сè уште не ги отвориле откупните пунктови.
Пелагонискиот земјоделец, вели дека најавената помош на ресорното Министерство ја почитува, но не може во целост да ги амортизира загубите.
Ѓоргиевски додав дека данокот го зеле и обилните врнежи. Наместо очекуваните рекорди приносите ќе се движат од 4-6 тони по хектар а квалитетот на зрното ке биде слаб поради ниските вредности на хектолитарот. Опциите се ограничени или да се предаде родот и да се добие владината помош или пченицата да се чува во амбарите и да се чека подобра откупна цена.
Стевче Митревски
