Стапи во сила одлуката на Европската унија за макрофинансиска помош за земјава
Во одлуката на Брисел е наведено дека Северна Македонија била значително погодена од рецесијата во 2020-та година, како последица од ковид пандемијата, енергетската криза предизвикана од војната во Украина, со што се зголемиле и фискалните потреби...

Стапи во сила одлуката на Европската унија за макрофинансиска помош за земјава во износ од 100 милиони евра. Парите се наменети за справување со последиците, предизвикани од руската агресија врз Украина.
Во одлуката на Брисел е наведено дека Северна Македонија била значително погодена од рецесијата во 2020-та година, како последица од ковид пандемијата, енергетската криза предизвикана од војната во Украина, со што се зголемиле и фискалните потреби.
Помошта ќе биде исплатена во две транши, но, нивната исплата зависи од тоа како се спроведуваат реформите во даночната политика, инвестициите, судството и борба против корупција.
