Земјоделство

Почнува окрупнувањето на нивите во село Чифлик

18.07.2023 09:28

Ќе се окрупнуваат нивите во село чифлик. Повеќето земјоделци се согласија да се направи нова и ефикасна прераспределба на малите парцели во поголеми блокови. Парите се обезбедени преку европскиот ИПА фонд и од меѓународната организација за храна, ФАО...

Мнозинството земјоделците од село Чифлик, општина Чешиново – Облешево се согласија со почнувањето на процесот за консолидација на земјоделското земјиште и планирање на новата земјоделска инфраструктура.

Консолидацијата во Чифлик е дел од проектот финансиран од европскиот ИПА фонд и од меѓународната организација за храна-ФАО, со вкупен буџет од 1.2 милиони евра и кој опфаќа окрупнување на повеќе 1.200 земјоделски парцели.

Поволностите за земјоделците од процесот се повеќе, бидејќи покрај окрупнување на земјиштето, добиваат и изградба на нови и обнова на постојните пристапни патишта до нивите, и рехабилитација на каналите за одводнување и наводнување.

Претходниот проект за консолидација Меинланд заврши со целосна реализација и консолидирани земјишни парцели во 9 подрачја: Конче, Егри, Логоварди, Оптичари, Трн, Дабјани, Кожле, Соколарци и Спанчево. Седум од нив се веќе усвоени од страна на земјоделците. Создадени се нови, поголеми парцели со површина од 3.000 хектари, а бенефит во работењето имаат повеќе од 2.500 земјоделци. Во консолидациските подрачја е планирана изградба и рехабилитација на 54 километри пристапни патишта, поставување и поправки на 67 километри одводна и 3 километри нова мрежа за наводнување.

 

Методија Трајков