Македонија

Бектеши: Владата беше детално информирана

19.07.2023 15:12

Владата била детално информирана за точката за спојување на концесиите за Иловица-Штука – рече на брифинг со новинарите министерот за економија Бектеши. Вели дека со колегите во Владата 20 минути дискутирале на оваа тема, а документите два пати биле доставени до Владата...

Владата била детално информирана за точката за спојување на концесиите за Иловица-Штука – рече на брифинг со новинарите министерот за економија Бектеши. Вели дека со колегите во Владата 20 минути дискутирале на оваа тема, а документите два пати биле доставени до Владата.

Негов личен став е дека рудник во струмичко не треба да има, но вели дека Министерството за економија во оваа постапка работи согласно законот. Објасни дека со министрите кои го обвинуваа дека ги измамил има одлична комуникација, но ги отфрли сите обвинувања насочени кон него.

На наредната владина седница вели дека ќе ги достави истите документи што ги доставил и на претходната. Со спојувањето на концесиите инвеститорот Еуромакс рисорсис треба да почне нова постапка за барање за експлоатација. Инвеститорот има рок до 2027-та да ги достави сите потребни документи до надлежните воедно и студијата за заштита на животната средина.