Финансиска поддршка

Битиќи во „Макпрогрес“: Финансиски ги помагаме домашните компании да станат меѓународно препознаени брендови

20.07.2023 16:06

Вицепремиерот Битиќи денес ја посети во Виница компанијата „Макпрогрес“ чија примарна дејност е производство на кондиторски производи, поддржана преку Законот за Финансиска поддршка на Инвестиции (ЗФПИ).

„Макпрогрес“ од Виница, е вистинскиот показател дека Законот за Финансиска поддршка на компаниите е полн погодок, особено во делот на поддршка за развој и истражување“, изјави заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи денес ја посети во Виница компанијата „Макпрогрес“ чија примарна дејност е производство на кондиторски производи, поддржана преку Законот за Финансиска поддршка на Инвестиции (ЗФПИ).

„Макпрогрес“, со неговите 523 вработени, денес важи за еден од водечките производители на кондиторски производи во Југоисточна Европа, кој покрај производството, располага и со центар за обука, за истражување и развој, како и лаборатории за сензорна анализа и креативно пакување. „Макпрогрес“ извезува во 55 земји ширум светот, а во низата на сертификати го има и „Халал“ сертификатот кој претставува виза за извоз на кондиторски производи и во исламските земји“, изјави Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи информираше дека Владата со „Макрпогрес“ потпиша договор за Финансиска поддршка на Инвестиции за четиригодишниот циклус 2018-2021 година, преку кој на оваа компанија која влезе во инвестиција од скоро 215 милиони денари, и се исплатени околу 37.5 милиони денари државна помош, од кои над 14 милиони денари за технолошки развој и истражување.

Сопственикот на „Макпрогрес“, Глигор Цветанов во неговата изјава се заблагодари за финансиската помош и изјави дека во истражувачкиот центар младите ќе можат да научат нови вештини.

„Го презентиравме нашиот план за досегашните инвестиции во последните осум години кој надмина инвестиција од 16 милиони евра, но и новиот развоен план на компанијата која планира до 2030 година да инвестира уште толку средства во развој на нови капацитети и нови иновативни производи. Ќе очекуваме поддршка од владата, особено во делот на ЗФПИ што ќе биде мотивација плус да влеземе во нови инвестициски циклуси“, изјави Цветанов.