Македонија

Во првите пет месеци од 2023-та, земјава бележи раст на бројот на туристи

21.07.2023 14:04

Годинава туристичките центри бележат зголемен број туристи. Најбројни се посетителите од Србија и Турција, велат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Туризмот во Македонија годинава исправен пред неколку предизвици, надополнување на бугарските туристи и намалувањето на минусот од албанскиот и косовскиот пазар...

Туризмот годинава над очекувањата. Според заработувачката и бројот на туристи, се проценува дека ги надмина границите од пред ковид-пандемијата. Хотелските капацитети и приватното сместување се речиси исполнети.

Првиот човек на надлежната агенција, Јаневски, вели дека најбројни се гостите од Турција и Србија, а најмалку присутни се од Бугарија. Според него, тоа се должи на политичките превирања. Но, годинава за туристичките работници предизвик се албанските и косовските гости бидејќи тие истражуваат нови пазари за летување. Оваа сезона се очекува 530 милиони долари девизен прилив.

Од таму додаваат дека позитивни резултати се забележани во охридскиот и скопскиот регион. Во првите пет месеци од годинава има раст на бројот на туристи и остварени ноќевања, а нема забележан пад на домашните туристи, што според нив е голем успех.

Јаневски очекува дека во овој сектор во 2025-та година ќе се реализираат 3,7 милиони ноќевања, а во државниот буџет ќе се слеат 600 милиони долари од туризмот или повеќе од 4% од БДП.

 

Ана Јосифоска Тодоровска