Македонија

По неколку часа, надминат е проблемот со платежните картички

27.07.2023 18:09

Попладнево е надминат проблемот со картичките „Виза“ и „МастерКард“...

Попладнево е надминат проблемот со картичките „Виза“ и „МастерКард“.

Информацијата ја потврди Македонската банкарска асоцијација, откако во текот на денов, граѓаните не можеа да извадат пари од банкомат или да платат преку терминал.

Проблемот со привремената недостапност се јави поради системите на самите брендови, информираа МБА и Народна банка.