Николовски најави нова цена на водата за наводнување
Претпријатието „Водостопанство“ ќе се реорганизира, одлука за моделот ќе биде донесена на некоја од наредните владини седници. Министерот за земјоделство Николовски најави и нова цена за користење на водата за наводнување…

По реакцијата на земјоделците дека во Овчеполието немаат вода за наводнување, иако браната Калиманци е полна и реакцијата на земјоделците од велешко дека цената на водата за наводнување е висока, министерот Николовски најави дека „Водостопанство“ ќе се реорганизира. Одлука за моделот ќе донесе Владата на една од наредните седници. Најави и нова цена на користење на водата за наводнување, но не е сигурен дали таа ќе се применува од годинава или од наредната.
Пуштена е водата низ цевководот „Макарија“. Земјоделците од Росоманско и Градско можат да бидат сигурни дека нивните култури ќе бидат обезбедени со наводнување за оваа сезона. Околу пукањето на цевката на цевководот, министерот Николовски оценува дека се случила хаварија со огромни последици. Министерството за земјоделство веќе ја почнало постапката за обесштетување на земјоделските производители на праски, коишто останаа без наводнување
Министерството за земјоделство додели договори за финансиска поддршка на мали семејни дестилерии кои ќе добијат неповратен грант од 300 илјади денари за опрема, за модернизација на производството.
Кога почнав со бизнисот со малечките дестилерии, пред четири години, бевме само двајца коишто го исполнувавме законот, сега сме веќе 12-мина за државната поддршка, вели Јованов. Дополнува дека преку Здружението, секој што ќе побара помош, може да ја добие.
Ана Јосифоска Тодоровска
