горива

Денеска РКЕ со одлука за новите цени на нафтените деривати

07.08.2023 08:36

Согласно последната одлука, цената на бензините остана непроменета, додека цената на дизелот се зголеми за два денари...

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе донесе одлука за цените на нафтените деривати.

Согласно последната одлука, цената на бензините остана непроменета, додека цената на дизелот се зголеми за два денари. Во моментов цените на светските берзи на горивата пораснале и сега на лондонската берза нафта барел чини 86 долари.

Во моментов моторен бензин „евросупер БС-95“ се точи по 85,50 (денари/литар), моторен бензин „евросупер БС-98“ – 87,50 (денари/литар), дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 78,50 (денари/литар), масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 78,00 (денари/литар).