Економија

Намалена јулска инфлација, граѓаните скептични

07.08.2023 12:33

Владата соопшти дека е намалена инфлацијата за јули и е на 8, 4 насто. Ќе работи до крајот на годината да се сведе на минимум што ќе ги зголеми стандардот и куповната моќ на граѓаните. Тие се пак скептични и сметаат дека лошата производствена година не ни оди од рака …

Владата уверува – инфлацијата во јули е намалена на 8,4 насто и се работи до крајот на годинава да се сведе на минимум што ќе ја зголеми куповната моќ на граѓаните. Оваа е најновата информација што со јавноста ја споделува вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Граѓаните се скептични и анализираат. Некои производи се намалиле, но во глобала – не очекуваат повисок стандард.

Не помагаат ниту лошата производствена година и недостигот на работна рака во домашното земјоделско производство.

Прехранбената индустрија е во исчекување. Велат овој е период без поместувања и на берзите и на светските пазари. Конкретните анализи за прехранбените производи ќе стигнат кон крајот на август. Тоа ќе ја одреди и есента.

 

Елизабета Митреска