Битола

Непрекинато се одвиваат ремонтните активности во РЕК Битола, најавени пред еден месец

09.08.2023 14:46

По три децении работа во РЕК Битола, преместен е јагленовиот систем на поранешниот коп на рудникот Суводол. Во следните пет години без проблеми ќе функционира преносот на јаглен до термоелектраната-вели раководството на комбинатот. Во тек се подготовките за новата грејна сезона, на терен според проектираниот течат ремонтните активности…

Рек Битола се подготвува за новата грејна сезона. Во комбинатот се вршат ремонти, во моментов се работи на вториот блок, а планираните зафати треба да за завршат до септември. Блок 1 и блок 3 се во функција и непрекинато произведуваат струја.

Најмногу работа има за реконструкција на разладната кула на блок 2, проект што започна пред две години. Ќе се заменат азбестните плаштови со еколошки панели.

Во рудникот Суводол, привршуваат активностите за преместувањето на јагленовиот систем. Набавени се нови делови и опрема.

Во Суводол има околу 15 милиони тони јаглен, доволни за 10 години работа. Со новите зафати не треба да има проблем во снабдувањето со струја.

 

Александра Максимовска