Економија

Прва регионална конференција во Скопје за техничка анализа на финансиските пазари

21.08.2023 12:48

Како што соопштува организаторот, на Конференцијата ќе учествуваат искусни професионалци од областа на техничката анализа од регионот и Европа, коишто ќе се осврнат на актуелните предизвици на финансиските пазари поврзани со нивното анализирање и предвидување на движењата вредноста на хартиите од вредност...

На 18-ти септември во Скопје ќе се одржи првата регионална Конференција за техничка анализа на финансиските пазари, организирана од Здружението на пазарни техничари од Јужна и Источна Европа – СЕЕМТ.

Како што соопштува организаторот, на Конференцијата ќе учествуваат искусни професионалци од областа на техничката анализа од регионот и Европа, коишто ќе се осврнат на актуелните предизвици на финансиските пазари поврзани со нивното анализирање и предвидување на движењата вредноста на хартиите од вредност, особено во контекст на користењето на новите технологии, како  што е вештачката интелигенција.

На настанот ќе се обратат и ќе земат учество во панел дискусиите и високи претставници на домашните институции – регулатори на финансиските пазари, како Народната банка, Министерство за финансии, како и менаџери од финансиски компании, брокерски куќи од земјата и регионот.

Настанот ќе се одржи во М6 едукативниот центар, а ќе биде поддржан од страна на Меѓународната федерација на технички аналитичари (IFTA-International Federation of Technical Analysts), како и претставници од британската Техничка асоцијација (UK Technical Association) и швајцарската Асоцијација на пазарни техничари (Swiss Association for Market Technicians.)