Сто милиони евра поддршка од ЕБОР за ЕСМ
Договорот за заемот беше потпишан денеска во Министерството за финансии. Заемот е со рок на отплата пет години, со грејс период од шест месеци и со варијабилна каматна стапка на шестмесечен ЕУРИБОР со маргина од еден отсто.

Поддршка во финансирањето на трошоците за унапредување на производниот процес, инвестиции во нови обновливи извори на енергија и одржување на веќе изградените централи од обновливи извори, е целта на заемот вреден 100 милиони евра што го обезбеди ЕБОР за АД ЕСМ.
Договорот за заемот беше потпишан денеска во Министерството за финансии. Заемот е со рок на отплата пет години, со грејс период од шест месеци и со варијабилна каматна стапка на шестмесечен ЕУРИБОР со маргина од еден отсто.
Директорот на ЕСМ, Васко Стефанов нагласи дека компанијата продолжува да се движи кон „зеленото сценарио“. Додаде дека се планирани повеќе проекти кои сериозно ќе влијаат земјава да биде енергетски независна.
Освен Договор за заем, во Министерството за финансии беше потпишан и Договор за гаранција меѓу Република Северна Македонија и ЕБОР.
