Енергетика

Во септември ќе се знае цената на парното греење

22.08.2023 14:42

Наредниот месец граѓаните ќе ја знаат колкава цена ќе плаќаат за парно. Од ЕСМ велат дека се подготевни капацитетите за грејната сезона. Во касата добија дополнителни 100 милиони евра од Европската банка за да ја одржат финансиската стабилност и да го плаќаат увозот на струја. Опозицијата ги обвинува за недомаќинско работење...

Колкава цена ќе плаќаат граѓаните за парно греење ќе се знае во септември. Од ЕСМ тврдат дека капацитетите се подготвени и грејната сезона ќе стартува навреме. Компанијата очекува владина поддршка за да нема рестрикции. А државата се задолжи, им обезбеди дополнителни 100 милиони евра преку кредит од Европската банка за развој да ја одржат финансиската стабилност и да може да купуваат струја.

Менаџментот вети ќе троши домаќински. А на прашањето, зошто средлето кога вообичаено се продаваат вишоци, на јавен повик се набавува струја за милионски суми по цени повисоки од берзанските, директорот на ЕСМ Стефанов потегот го оправдува со зголемена потрошувачка и ремонт на блоковите.

Опозицијата критикува за недомаќинско работење. Од ВМРО-ДПМНЕ велат, задолжувањето покажува дека ЕСМ не може да функционира без да им се пумпаат пари во компанијата.

Годинава во касата има 225 милиони евра за справување со енергетската криза, пари со кои владата тврди, ќе обезбедат субвенционирана цена на струјата и сигурност во снабдувањето.

Сузана Фиданска-Стоевска