Земјоделство

Финансиска поддршка за органските производители

24.08.2023 08:54

До 25-ти декември органските производители можат да поднесуваат барања за субвенции. Пријавувањето е електронски преку Платежната агенција, а парите се наменети за поддршка на одредени активности во производството и во трговијата со органската храна…

За органските производители годинава се издвоени 104 милиони денари. Поголем дел, односно половина од субвенциите се наменети за органското сточарство.

До 25-ти декември е рокот до кога може да се поднесат барања за финансиска поддршка за органските производи, нивните преработки, доработка, пакување и продажба.

Со пет отсто или до 150.000 денари се поддржува и трговија или извозот на свежи и преработени органски производи и преодот од неорганско во органско производство.

Трошоците за стручната контрола и сертификацијата државата ги покрива со 50 проценти, а со 80 анализите на карактеристиките на почвата, односно откривање на остатоци од пестициди, тешки метали и други штетни материи.

Барања за добивање на финансиска поддршка може да поднесат и сите земјоделски стопанства кои имаат добиено сертификат за органско производство и тоа за кофинансирање на трошоците за стручната контрола и сертификација во висина од 50 проценти.

Крајните рокови за поднесување барањата за дополнителни субвенции за остварено органско производство на пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка, афион, за градинарство и овоштарство е до 31-ви октомври.

Методија Трајков