Македонија

Работна група ќе бара решение за барањата на пензионерите

24.08.2023 14:56

Барањата на пензионерите ќе ги разгледува работна група во која ќе учествуваат претставници на институциите и Сојузот на пензионери кој ги поддржува барањата на пензионерите кои протестираат, но бараат институционално решение, изјави Министерката за труд и социјална политика. Барањето за линеарно покачување оди пред Уставен суд...

Работната група составена од претставници од надлежните институции и од Сојузот на пензионери ќе ги разгледува предлозите за покачување на пензиите, изјави Министерката за труд и социјална политика, но за линеарното зголемување на кое инсистираат пензионерите, мислење ќе се бара од Уставниот суд и правната фела.

Пензионерите секојдневно протестираат за зголемување на пензиите.

Новата методологија на усогласување на пензиите со растот на трошоците за живот од лани до сега, според министерката Тренчевска довело до пораст на пензиите од 26 проценти. Во државата има 336 илјади пензионери. Деновиве ќе се знае и процентот на покачување на пензиите согласно законската регулатива.

 

 

Славица Величковска