Пониска откупна цена на сировото млеко, а поскапи финални производи
Иако произведеното сирово млеко во штала се откупува за четири до пет денари поевтино, финалните млечни производи од течната и тврдата програма бележат зголемен раст. На реакциите на примарните млекопроизводители со свои анализи и млеко-преработувачите кој велат во односот на соодветниот лански период цените се пониски...

По потрошувачите на зголемувањето на цените на млекото и млечните производи во малопродажбата реагираат и над 400-стините сточари на кој за последниве седум месеци не им биле исплатени субвенции ниту по грло добиток ниту за предаденото млеко. За нив е нелогично кога цената на литар откупено сирово млеко паѓа, финалните млечни производи да бидат поскапи.
„30 до 31 денар млекото, а 36 беше, пет денари млекото ми го урнаа. Значи таа добивка што беше моја од пет денари ми ја зедоа јас ги немам тие пари. Трговците печалат, а ние одиме во загуба“ вели сточарот Валер Јусеновски.
За производство на килограм сирење потребни се околу седум литри сирово млеко, велат дисбалансот е евидентен.
„Тоа нивното млеко што од ова нашето сурово млеко вадат масти и други елементи и на крајот прават сирење. Така да наше шест литри млеко по откупна цена сирењето би требало максимум да биде до 350 денари во продавница“, вели сточарот Тони Петковски.
Иако сме увозно зависни млеко-преработувачите велат дека откупната цена кај нас е највисока во односот на регионот. И покрај турбуленциите што ги носат големите кампањски увози на млеко, ланското замрзнување на цените и маржите на трговците актуелното поскапување донесе поевтини цени во односот на истиот период од минатата година велат операторите.
„Цените лани биле повисоки за некои 15 проценти во Август во односот на тековнава година кога се зборува за течната програма. Ако се зголемува за тврдата програма тоа пред сè се однесува на сирењето и кашкавалот тие цени во односот на лани биле повисоки од 5 до 8 посто“, вели директорот Златко Најдовски.
Најдовски вели дека растот на цените се должи и на пратењето на сите пазарни движења во поширокиот регион. Тој е за позасилена контрола на трговците, но евентуално ново замрзнување на цените вели ќе го наруши инвестицискиот циклус на операторите со храна и растот на цената на работната сила.
Стевче Митревски
