Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува
Од полноќ дизелот поскап за денар ипол, цената на бензините се намалува, одлучи Регулаторната комисија…

Од полноќ дизелот поскапува за денар ипол, а екстра лесното масло за домаќинство за еден денар. Цената на еуросупер БС-95 се намалува за еден денар, а на еуросупер БС-98 за половина денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Според најновата пресметка, бензинот од 95 октани ќе се продава за 87 денари за литар, оној од 98 октани ќе чини 89 денари за литар. Новата цена на дизел горивото ќе изнесува 89 денари за литар, додека екстра лесното масло ќе изнесува 81 денар за литар. Мазутот ќе се продава по 46 денари за килограм.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат во просек намалување кај бензините за 2,5%, кај дизелот има зголемување за 2%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок.
