Потрошувачка

Бектеши: Цените растат оти некој не си ја работи работата

29.08.2023 17:21

Не се исклучува можноста повторно да се носат мерки за заштитата стандардот на граѓаните од евентуален иден раст на цените – најави Бектеши. Ќе се прават анализи каде се случува поскапувањето. Им се закани на трговците доколку има неосновано зголемување на цените на производите може да добијат забрана за вршење на дејност...

Некој во државата не си ја работи работата како што треба и затоа цените произволно растат на пазарите, вели министерот Крешник Бектеши. Знае дека речиси сè е поскапено, но допрва ќе утврдуваат политики за да видат кој ги игнорира.

Во Министерството за економија почнале да разговараат за измени во законот каде што се определува работата, начинот, механизмите на Комисијата за заштита на конкуренција. Тоа нема да важи само во време на криза, вели Бектеши. Од стопанската комора на северо-западна Македонија немаат проблем да има политики за помош во државата, но не прифаќаат замрзнување на цените.

Независни институции како што се инспекциските тела, вклучувајќи ја и комисијата треба да ги имплементираат политиките што ги усвоиле пратениците по предлог на Министерството.

 

 

Катерина Топалова