АХВ

Нови случаи на свинска чума во делчевско

30.08.2023 08:03

Нови случаи на свинска чума се појавија во делчевското село Тработивиште. Агенцијата за ветеринарство воведе забрана за движење и трговија на животни во зоната и вонреден попис на сите одгледувалишта. Болеста не е опасна за човекот но предизвикува големи економски штети...

Во делчевското село Тработивиште регистрирано е ново жариште на свинска чума.

Агенцијата за храна и ветеринарство воведе мерки кои се однесуваат на забрана за движење и трговија на свињи на овие места, вонреден попис на сите одгледувалишта како и забрана за колење на животни.

Единките кои покажуваат симптоми нештетно ќе се отстранат. Под надзор на официјален ветеринар се спроведуваат и мерки за чистење и дезинфекција на опремата и возилата. На сила е и забраната за чување на свињи на отворено и за движење и превоз на свињи во и од зоната, освен кога се носат во одобрена кланица за колење. Се врши и уништување на опремата која не може да се дезинфицира, како и уништување на слама, храна и шталско ѓубре.

Извор и носители на вирусот на чумата, се дивите свињи и според ветеринарите болеста која ја има во регионот, кај нас е пренесена од соседна држава. Од неа заболуваат домашните и дивите свињи, таа не е опасна за човекот, но предизвикува големи економски загуби.

Се пренесува и шири преку директен контакт меѓу животните, или преку заразена храна и отпадоци од храна, опрема, возила и облека.

Смртноста кај домашните свињи може да достигне дури и до 100 проценти.

 

Методија Трајков