Субвенции

Бектеши: Покрај туроператорите, субвенции ќе добиваат и хотелиерите

30.08.2023 14:23

Покрај туроператорите, субвенции ќе добиваат и хотелиерите. Ова беше заклучокот на денешната средба на министерот за економија Крешник Бектеши со хотелската асоцијација ХОТАМ...

Покрај туроператорите, субвенции ќе добиваат и хотелиерите. Ова беше заклучокот на денешната средба на министерот за економија Крешник Бектеши со хотелската асоцијација ХОТАМ. Се дискутираше и за воведување на субвенции и за домашните туристи во одредени периоди од годината. И Хотам и министерот се сложни дека годинава има пораст на бројот на странски туристи и се испишува уште една успешна туристичка сезона.

„Една од можностите е да се вклучи секторот хотелиерство и угостителство како директна помош во вид на грантови за инвестиции и подобрување на условите а секако дека како дополнителна поддршка, може да биде измена на правилникот на субвенционирање, така што еден дел од средствата да остане дирекно кај хотелиерите“, вели министерот Крешник Бектеши.

„Дел од тие субвенции дадено е предлог да одат и на хотелите, дел да ги вклучи и домашните гости во одредени периоди од годината. „А тие средства би ги употребиле за коригирање на плати, подобрување на условите за пречек на туристите и подобрување на сите услови кои треба да се пружат“, вели Крсте Блажески претседател на ХОТАМ.