Молк од институциите по обвинувањата од министерот Бектеши
По прозивките од Бектеши дека не си ја вршат работата, молк од Комисијата за заштита на конкуренцијата и од Пазарниот инспекторат. Организацијата на потрошувачи, повика да се истражи дали трговците договорно кројат цени. Побара замрзнување...

Не треба да се чека со мерката за замрзнување на цените на основните производи, смета Организацијата на потрошувачите. Иако знаат дека е популистичка мерка, сепак сметаат дека намалената куповна моќ на граѓаните и енормното поскапување на производите може да се реши единствено со тоа.
Од Организацијата ја повикаа Комисијата за заштита на конкуренција да се изјасни дали има некакво здружување на трговците со оглед на трендот на зголемување на цените. Оттаму, пак, по дводневните прозивки и натаму молк.
Ова е лоша мерка според експертите. Велат дека времено ќе помогне на граѓаните но долгорочно ќе и одмогне на економијата.
И Стопанската комора на северо-западна Македонија, се изјасни дека во никој случај не смеат да се замрзнат цените на основните производи и оти тоа го кажале и на средбата со Бектеши.
Катерина Топалова
