Евроинтеграции

Маричиќ: ЕУ е економско чудо кое ни отвора можности и ги задржува младите во државата

30.08.2023 21:44

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на трибината „ЕУ за македонската економија“, направи споредба на економиите на државите пред нивното пристапување во ЕУ и откако станале држави членки, велејќи дека Европската Унија покрај тоа што е мировен и политички проект, таа е и економско чудо...

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на трибината „ЕУ за македонската економија“, направи споредба на економиите на државите пред нивното пристапување во ЕУ и откако станале држави членки, велејќи дека Европската Унија покрај тоа што е мировен и политички проект, таа е и економско чудо.

- Економските показатели на Хрватска покажаа дека изминатата година по нивното влегување во Евро и Шенген зоната, 15 милијарди евра приход од нивната клучна економска гранка, туризмот. Ако ги прашате Бугарите и Романците што најмногу придонесе ЕУ за вашиот развој, ќе ви одговорат: Ни ги изгради патиштата, ни ја изгради инфраструктурата ни даде надеж во подобра иднина, рече вицепремиерот Маричиќ.

Вицепремиерот посочи дека основното прашање на оваа кампања е каде сакаме да припаѓаме, прашувајќи дали сакаме да припаѓаме во најголемиот мировен, политички и економски проект или сакаме да веруваме во алтернативни приказни во коишто многу малку луѓе веруваат и од кој никој нема видено придобивки.

- Ако сега користиме 1 милијарда евра преку ИПА проектите за 15 години, кога ќе бидеме држава членка на ЕУ ќе користиме од структурните и кохезионите фондови 1 милијарда годишно, тоа е огромна разлика. За изминатите 15 години ние имаме 1 милијарда, а Хрватска откако е членка за 10 години има искористено 25 милијарди евра. Затоа е возможно да се денес во еврозоната, затоа е возможно да се денес во Шенген зоната, затоа нашите млади луѓе денес одат да работат во Хрватска, укажа Маричиќ.

Ова е прва трибина од кампањата на Секретаријатот за европски прашања „Ние сме Европа“, а следната ќе биде овој петок, во општина Струмица.