Економија

Бизнисите и граѓанското општество гледаат стабилност и извесност на македонската економија со членството во ЕУ

31.08.2023 08:28

На трибината „Ние сме Европа“, која започна вечерва од Скопје, од плоштадот Јадран, на темата: „ЕУ за македонската економија“, покрај премиерот Ковачевски, вицепремиерот за европски прашања Маричиќ, министерот за економија Бектеши, амбасадорот на Кралството Шпанија во земјава, Н.Е. Хозе Луис Лозано Гарсија, свое обраќање имаа и претставничката на бизнис заедницата, Ирена Јакимовска од Комфи Ангел и Благица Петрески...

На трибината „Ние сме Европа“, која започна вечерва од Скопје, од плоштадот Јадран, на темата: „ЕУ за македонската економија“, покрај премиерот Ковачевски, вицепремиерот за европски прашања Маричиќ, министерот за економија Бектеши, амбасадорот на Кралството Шпанија во земјава, Н.Е. Хозе Луис Лозано Гарсија, свое обраќање имаа и претставничката на бизнис заедницата, Ирена Јакимовска од Комфи Ангел и Благица Петрески, извршна директорка на Институт за економски истражувања, Finance Think. Сметам дека економските бенефити кои членството во ЕУ ги носи се клучни кои може да ги почувствуваат сите граѓани, бидејќи тоа секој го чувствува преку платите, пензиите, животниот стандард.

Благица Петрески од Институтот за економски истражувања рече дека економските бенефити се клучна придобивка од преговорите со ЕУ и не се прашање за треба да се зборува туку едноставно тоа може да се почувствува преку нашите плати, пензиите, животниот стандард на студентите, животниот стандард на нашите деца и условите во коишто живеат, нагласувајќи дека процесот за членство во ЕУ е тој којшто може сите овие аспекти да ги подобри.

Серијата трибини во рамки на кампањата „Ние сме Европа“ продолжува во петок со трибина во Струмица посветена на трудот и социјалната политика.