Просечните камати на депозитите во јули 1,50%, на кредитите 5,49%
Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити, овој месец, забележа месечен и годишен раст од 0,31 п.п. и 1,56 п.п., соодветно и изнесува 5,57%. Просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 2,21% и е намалена за 0,49 п.п. на месечна основа, додека на годишна основа бележи зголемување за 1,37 п.п.

Народната банка забележува месечно зголемување на просечната каматна стапка на вкупните депозити, при што во јули таа изнесува 1,50%. Просечната каматна стапка на вкупните кредити исто така бележи раст и изнесува 5,49%.
Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити, овој месец, забележа месечен и годишен раст од 0,31 п.п. и 1,56 п.п., соодветно и изнесува 5,57%. Просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 2,21% и е намалена за 0,49 п.п. на месечна основа, додека на годишна основа бележи зголемување за 1,37 п.п.
Во јули, просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор е зголемена за 0,50 п.п. на месечна основа и изнесува 5,36%. На годишна основа, каматната стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор бележи раст од 1,83 п.п.
Каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата, пак, изнесува 5,61% и забележа месечен раст од 0,26 п.п. На годишна основа, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата оствари раст од 0,53 п.п.
