ЗЕМЈОДЕЛСТВО

Нови три мерки во Програмата на интервентниот фонд

01.09.2023 07:56

Со уште три нови мерки годинава е дополнет интервентниот фонд во земјоделството. Финансиската поддршка е наменета за производителите на пченица и на јачмен, а во градинарството за одгледувачите на домати и краставици …

Интервентната програма е дополнета со три нови подмерки со кои се обезбедува по 3 денари финансиска поддршка за килограм за остварено, продадено или складирано производство на пченица. Исто така пари има и за произведен домашен сертифициран семенски материјал на пченица и на јачмен во износ од 3 денари за килограм – за производство на овие житарки за реколта за 2023-та година.

Корисниците треба да се запишани во Регистар на снабдувачи на семенски материјал и да имаат добиено сертификат за оваа дејност.

И градинарите ќе ја користат финансиската поддршка од интервентниот фонд за продадени домати и краставици, произведени под контролирани услови.

Имаат право на 35 денари по килограм домат што е произведен и продаден во периодот од 5-ти април до 31-ви мај годинава и 30 денари за килограм краставица произведена и продадена од 5-ти април до 15-ти мај 2023 година.

Интервентната програма прв пат беше воведена минатата година, а главна цел е обезбедување навремена поддршка за земјоделците во услови на криза и поддршка на домашното производство.

 

Методија Трајков