Млечната криза е долгорочна, спасот е во малите стопанства
Млечна криза имаме со години, но прашањето е што ние правиме да ја надминеме. Мора да се развиваат малите производители и стопанства. Сточарите сметаат дека за шталски и работи во трлата неопходен е увоз на работна сила …

Млечната криза е долгорочен проблем и многу е битно да им се даде можност на малите производители да ги зацврстат и да ги развиваат своите стопанства. Тука е иднината на сточарството и млекопроизводството во земјава, сметаат сточарите и производителите.
Нереално е да се зголемат цените на млечните производи, шпекулации кои произведуваат уште поголема криза. Најголем проблем е недостигот од работна сила. Мора да се увезе, особено за шталските и работите во трлата.
Субвенции има, но во одредени дејности треба да се засилат. Поддршката на малите стопанства е иднината на македонското производство на храна.
Според Државниот завод за статистика постојано опаѓа производството на кравјо млеко. Лани биле произведени 324 илјади литри кравјо млеко, за 70.000 помалку од 2017-та година.
Елизабета Митреска
