Цената на млекото нема да се зголеми, тврди Битиќи
Цената на млекото нема да се зголеми, тврди вицепремиерот за економски прашања Битиќи. Но, вели дека Владата не може секогаш да интервенира, бидејќи се работи за пазарна економија. А производителите велат дека доколку има млечна криза, таа ќе биде вештачка…

Подобрување на домашните капацитети, за да имаме доволно ресурси за домашно производство. Во пазарна економија не може да се очекува Владата да интервенира на сè, но освен правила и однесување на компаниите, има морал и етика. Вака вицепремиерот за економски прашања Битиќи ја објаснува состојбата по најавите дека цените ќе растат, особено на млекото и млечните производи. Најави дека производителите на млеко ќе ги намалат цените.
Доколку се случи млечна криза со зголемување на цените на млечните производи таа ќе биде вештачка. Секое нивно зголемување нема да биде оправдано, велат најголем дел од производителите на млечни производи.
За да се спречат млечните кризи и зависноста од странско млеко во иднина, производителите излезот го гледаат во производство на домашна храна за стоката, а не увозна и увоз на работна рака, затоа што немало повеќе кој да работи со сточарството.
Производството на храна е зголемено за 70 насто, споредбено со 2016-та, но тоа не е доволно, вели вицепремиерот за економски прашања. Македонија сè уште е увозно зависна.
Според Државниот завод за статистика, производството на кравјо млеко постојано опаѓа. Лани биле произведени 324 илјади литри, за 70 илјади помалку од 2017-та.
Александра Максимовска
