Економија

Странските инвестиции неопходни, недостасува иницијативност кај домашните добавувачи

04.09.2023 19:31

Странските инвестиции со голем ефект на бруто-домашниот производ, намалување на невработеноста и придобивката од знаењата и технологиите. Недостасува иницијативност кај домашните добавувачи…

Странските инвестиции се неопходни. Не само што влијаат врз зголемувањето на бруто-домашниот производ, туку и за животниот стандард на луѓето. Најбитно е, стануваат најголемите работодавци во земјава, смета Ирена Јакимоска, претседателка на Регионалната стопанска комора од Прилеп. Пренесувањето на знаењата и технологиите кај нас, е од огромно значење.

Прилепската технолошка развојна зона на речиси 68 хектари ги има најголемите работодавци во Регионот.

Државните мерки и поволности за привлекување странски компании не се доведени во прашање, туку најголем проблем е неиницијативноста на домашните добавувачи кои би нуделе услуги, репроматеријали и полупроизводи, забележува Јакимоска која го има искуството преку Советот за странски инвестиции.

Сè додека чесно и етично го валоризираат трудот на вработените, странските инвеститори ја заслужуваат поддршката. Во Македонија се 15-тина технолошко развојни зони со 33 странски фирми.

Елизабета Митреска