Битиќи и Деспотовски со германски компании во Франкфурт
Вицепремиерот Битиќи, кој престојува во Франкфурт, на тркалезна маса заедно со директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ДТИРЗ), Јован Деспотовски, пред претставниците на силната германска индустрија, компании од повеќе сектори, ги претстави можностите за инвестирање во нашата држава, за владините мерки и поддршката која странските компании ја добиваат...

Вицепремиерот Битиќи, кој престојува во Франкфурт, на тркалезна маса заедно со директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ДТИРЗ), Јован Деспотовски, пред претставниците на силната германска индустрија, компании од повеќе сектори, ги претстави можностите за инвестирање во нашата држава, за владините мерки и поддршката која странските компании ја добиваат.
Вицепремиерот Битиќи посочи дека германските компании се од голема помош во делот на приспособувањето на стандардите во македонската економија со тие на ЕУ.
Вицепремиерот Битиќи, изјави дека од интересот кој беше пројавен на тркалезната маса со претставници на германската бизнис-заедница, реално е да имаме очекување дека германските компании ќе продолжат активно да учествуваат во технолошкото унапредување, одржливиот раст и развој на нашата економија.
Директорот на ДТИРЗ, Јован Деспотовски, подвлече две клучни пораки од денешните средби со германски компании.
Антје Ванделт, директор на АХК Северна Македонија, дел од мрежата на германските стопански комори во странство, информираше дека 25 германски компании беа дел од тркалезна маса која се одржа во германската комора во Франкфурт, претежно компании од финансискиот сектор, металопраработувачка индустрија, ИТ секторот и инвестициски консалтинг, и беа позитивно изненадени од можностите кои ги нуди Северна Македонија.
Инаку, вицепремиерот Битиќи заедно со директорот на дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ДТИРЗ), Јован Деспотовски престојува во работна посета на Сојузна Република Германија, при што во понеделник во Франкфурт се потпиша договор со германската компанија за производство на литиум-јонски батерии „БМЗ“, за реализација на нова германска инвестиција во Северна Македонија, која ќе обезбеди над 750 нови вработувања.
