182-ра седница

Владата ја усвои Национална стратегија за лозарство и винарство

05.09.2023 17:41

Како што соопштуваат од владината прес- служба, овој стратешки документ има за цел подобрен индекс на квалитет на производството, воведување нови производствени технологии и современ пристап за промоција и маркетинг на крајните производи во и надвор од земјава на долгорочен план.

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Националната стратегија за лозарство и винарство 2023-2033 година.

Како што соопштуваат од владината прес- служба, овој стратешки документ има за цел подобрен индекс на квалитет на производството, воведување нови производствени технологии и современ пристап за промоција и маркетинг на крајните производи во и надвор од земјава на долгорочен план.

Основниот ефект кај сите чинители во вредносните ланци кај лозарството и винарството се очекува да биде зголемување на вредноста на крајниот производ, преку унапредување на работните процеси, оптимизација на трошоците и зголемувањето на квалитетот, што води до поголема конкурентност на производите на пазарот и поголем пазарен удел. Со тоа, оценето е дека би се зголемил вкупниот приход и профитот што го делат чинителите во ланецот.

Директни корисници на резултатите од активноста се сите чинители во вредносниот ланец на лозарство и винарство: лозари, откупувачи, преработувачи, логистички фирми задолжени за транспорт и дистрибутери. Индиректни корисници на резултатите од активноста се сите чинители во земјоделството и сродните индустрии. А новиот пристап во сферата на лозарството и винарството се проценува дека неминовно ќе значи и вовед кон унапредување на работењето на целиот земјоделски и преработувачки сектор- соопштуваат од Владата.