Економија

Прво ребаланс на буџетот, па мерки

06.09.2023 14:00

Идната недела Бесими ќе го предложи новиот ребаланс на буџетот. Потоа ќе следуваат мерки за ранливите категории, вели министерот за економија. По зголемувањето на цената на белиот леб, Бектеши до производителите - од утре ќе следуваат мерки...

По предлог ребалансот на буџетот, ќе следуваат и нови мерки за заштита на граѓаните од ценовни шокови, најавија од Министерството за економија. Од таму предупредуваат – пекарите кои во меѓувреме ја зголемија цената на лебот и не го продаваат по 33 денари ќе се соочат со казни. Граѓаните незадоволни и од поскапувањето на млечните производи. Изразуваат револт од како што велат се повисоките цени и ниските плати.

Следната недела ќе бидат објавени новите мерки за граѓаните и компаниите. Акцент ќе биде ставен на поддршка на ранливите категории, најави Бектеши. Додава и дека на интернет страната на Министерството е објавена предлог листата на прехранбени производи за кои данокот на додадена вредност би се зголемил од 5 на 10%.

Евтина дневна тарифа од први декември ќе имаат околу 170.000 домаќинства, односно само оние што имаат дигитални броила.

 

Марија Котовска