Земјоделство

Николовски во посета на компанија од Градско, успешен ИПАРД корисник

06.09.2023 19:16

Преку ИПАРД 2 програмата компанијата ВАРДАР АД Градско има набавено 10 моторни пумпи, 10 тифони за наводнување и црева за поливна опрема од 4000м, 3 приколки за транспорт, како и една цистерна за транспорт на течно и полутечно гориво, реализирајќи ИПАРД инвестција во вредност од 39,9 милиони денари...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска беше во посета на уште еден успешен ИПАРД корисник, компанијата ВАРДАР АД Градско, која се занимава со производство и промет со земјоделски и сточарски производи.

Преку ИПАРД 2 програмата компанијата ВАРДАР АД Градско има набавено 10 моторни пумпи, 10 тифони за наводнување и црева за поливна опрема од 4000м, 3 приколки за транспорт, како и една цистерна за транспорт на течно и полутечно гориво, реализирајќи ИПАРД инвестција во вредност од 39,9 милиони денари.

Новата ИПАРД 3 програма носи нови можности за македонското земјоделство. Реализацијата на новата ИПАРД 3 програма статруваше на 1 септември, распишувајќи го првиот јавен повик за мерките 1 и 7, каде на располагање ги ставаме првите 30 милиони евра наменети за инвестиции во македонското земјоделство, соопштуваат од Министерството за земјоделство.