Владата прераспредели дел од буџетската каса за пензии, субвенции и плати
Повеќе пари за социјална помош, за набавка на лекови, за субвенции за земјоделците, за пакет антикризни мерки. Министерот уверува дека буџетскиот дефицит нема да се зголеми. Економистите предупредуваат државниот Буџет не е нееластичен, практика стана на товар на капиталните инвестиции да се земаат пари за други намени...

Владата прераспредели дел од буџетската каса за пензии, субвенции, плати и за зголемување на примањата на функционерите. Повеќе пари за социјална помош, за набавка на лекови, за субвенции за земјоделците, за пакет антикризни мерки. Бесими уверува дека буџетскиот дефицит останува ист, 4,2 насто од бруто домашниот производ.
Државниот буџет е нееластичен, доста се стеснети можностите на државата да се користи за економски цели, поради преголемиот товар кој го носат платите, пензиите, субвенциите, смета професорот Ивановски. Имајќи ја предвид високата стапка на инфлација и ударот врз животниот стандард и очекуваниот притисок од јавноста за покачување на платите, јасна е потребата државата да ги покрие тие барања, но проблем е, велат економистите, што истото се прави секоја година на товар на намалувањето на капиталните инвестиции што треба да бидат мотор на економскиот раст.
Владата со пренамена на дел од Буџетот насочува и дополнителни средства за поддршка на компаниите, со убедување дека стратегијата е заздравување на економијата и заштита на стандардот на граѓаните.
Ана Јосифоска Тодоровска
