Економија

Синдикалната минимална кошница за август изнесува 49.345 денари

07.09.2023 15:08

Иако се намалува инфлацијата од месец за месец и за јули изнесува 8,3 отсто, сепак минималната кошница е зголемена од предходниот месец за 725 денари.

Вредноста на Синдикалната кошничка за август 2023-та година изнесува 49.345 денари, соопштија од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

Иако се намалува инфлацијата од месец за месец и за јули изнесува 8,3 отсто, сепак минималната кошница е зголемена од предходниот месец за 725 денари.

Најголемо зголемување на цените има кај исхраната и пијалоците, и тоа за 1,9 отсто, оценуваат од ССМ.