За 8,3% повисоки трошоците за живот во август, во споредба со минатата година
Пораст на индексите на трошоците на животот во август 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 7,8%, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 7%, сирењето и урдата за 3,2%, млекото за 2,6%, лебот и житата за 1,6%, месото за 0,9%...

Трошоците на животот во август годинава, во споредба со претходниот месец, се зголемени за 1,2%, а цените на мало за 1,3%. Во однос на август лани, пак, трошоците на живот бележат раст од 8,3%, а цените на мало од 5,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Пораст на индексите на трошоците на животот во август 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 7,8%, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 7%, сирењето и урдата за 3,2%, млекото за 2,6%, лебот и житата за 1,6%, месото за 0,9%, кафето, чајот, какаото за 0,8%, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0,6%, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,4%, пивото за 0,3% и прехранбените производи неспоменати на друго место за 0.2%.
Во август, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај течните горива за домаќинствата за 11,4%, воздухопловниот патнички транспорт за 9,2%, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 6,7%, ткаенините за изработка на облека за 3,9%, туристичките аранжмани за 3,3%, услугите за одржување и поправки на живеалиштето за 2.9%, производите за домаќинството.
Намалување на индексите на трошоците на животот во август 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај рибата и морските плодови за 0,7%, маслото и маснотиите за 0,5%, јајцата, виното за 0,4%.
Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај другите печатени материјали за 1,5%, обувките за 0,7%, игрите, играчките и хобијата, другите апарати и производи за лична хигиена за 0,4%, градините, растенијата и цвеќињата за 0,3% и другите медицински производи за 0,2%.
