Статистика

1,1% раст на БДП во вториот квартал годинава

12.09.2023 09:17

Извозот на стоки и на услуги номинално е зголемен за 2,6%, а увозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален износ од 3%.

Бруто-домашниот производ (БДП) во вториот квартал од 2023-та година изнесува 1,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Поголем пораст е забележан во секторите Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 7,6 отсто и Финансиски дејности и дејности на осигурување од 5%.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, номинално расте за 9,9%, а нејзиното учество во структурата на БДП изнесува 73,9%.

Извозот на стоки и на услуги номинално е зголемен за 2,6%, а увозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален износ од 3%.

Во првиот квартал годинава БДП забележа раст од 2,1%. Проекциите на Министерството за финансии се дека БДП годинава ќе изнесува 2,5%.