инфраструктура

Почнаа градежните работи на Коридорот 8

12.09.2023 19:42

По неколкуте најави и свечени церемонии, конечно почна реализацијата на коридорите. Американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ прв го гради Гостивар – Кичево...

Со минирање на еден од ридовите во атарот на гостиварското село Горна Бањица започнаа градежни активности за Коридорот 8. Најпрвин ќе се гради автопатска делница Гостивар-Кичево а денешната локација за градба била избрана како најпогодна. На Коридорот ќе работаат 37 компании. Вицепремиерот Артан Груби ги повика граѓаните да аплицираат на огласот за Коридороте 8 и 10д.

Зоран Димовски