Економија

Наредната недела ново замрзнување на цените

13.09.2023 17:24

Следната недела следува ограничување на цените на прехранбените производи. Ресорниот министер ќе се сретне со сопствениците на маркетите за да информира за забраната за акциската продажба на производите. Поскапувањето е екстремно високо-вели главниот пазарен инспектор...

Следната недела замрзнување на цените на прехранбените производи – најави министерот за економија Бектеши. Ќе се забрани и акциска продажба до 30-ти ноември, а од понеделник пред да се донесе мерката да има линеарно за 10 проценти намалување на прехранбените производи – порача министерот. За утре најави средба со сопствениците на маркети. Вели нема да се дозволи профитирање врз грбот на граѓаните, освен глоби, ќе има и затворање на правните субјекти.

Државниот пазарен инспекторат не учествува во формирањето на цените на производите, но поскапувањето е енормно високо, вели директорот Трајковски.

Имајќи го предвид движењето на светските берзи, нема основ за зголемување на цените на основните прехранбени производи и од страна на трговците, но и од производителите, велат надлежните. Големите синџири на маркети немаат намалување на приходите, туку напротив имаат зголемување минатата година-истакна Бектеши.

 

Сунчица Николовска