Економија

Министерот Бектеши на работен состанок со претставници на супермаркетите

14.09.2023 08:56

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе има состанок со претставници од ланците на супермаркети во врска со мерките што ќе следат во делот на утврдување на цените на прехранбените производи...

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе има состанок со претставници од ланците на супермаркети во врска со мерките што ќе следат во делот на утврдување на цените на прехранбените производи.

Бектеши вчера најави дека на предлог на Министерството за економија, на следната седница на Владата треба да се донесе одлука да се замрзнат цените на прехранбените производи. Замрзнувањето, според Бектеши, ќе биде со најмалку 10 проценти намалување на цените на сите прехранбени производи. До Владата веќе е доставена предлог-одлука за забрана за акциска продажба и промотивна продажба од страна на сите трговски ланци во нашата држава која ќе важи до 30 ноември.

Министерството за економија денеска треба да достави толкување на Законот за потрошувачите до Државниот пазарен инспекторат и според Бектеши освен глоби ќе има и затворање и забрана за вршење дејност за супермаркетите и за трговците со прехранбени производи кои нема да ги почитуваат мерките.