Најава за пониски цени во маркетите
По средбата со сопствениците на осум големи трговски синџири, министерот Бектеши навести намалување на цените на 50-тина основни производи за 10%, од кои 90 насто се даночат со 5%...

Г-ѓа Соња секојдневно пазарува во маалскиот маркет во Автокоманда. И секој ден истата слика – цените се менуваат, производите поскапуваат. За она што можела да го купи за 1000 денари пред две години, сега треба да одвои многу повеќе пари. Како многумина, и таа се ограничува на одредени производи, иако е свесна оти тоа влијание на квалитетот исхраната.
По средбата со сопствениците на осум големи трговски синџири, министерот Бектеши навести намалување на цените на 50-тина основни производи за 10%, од кои 90 насто се даночат со 5%. Прехранбената индустрија е првата фаза, оти е забележано нелогично зголемување на цените.
На маркетите ќе им биде дозволено акциски да ги намалат цените само на производите на кои им истекува рокот. Во спротивно доколку спроведуваат акциски продажби до 30 ноември ќе добијат казна. Ќе се зголемат и надлежностите на инспекторите за да можат веднаш да постапат и да затворат објект.
Александра Велинова
