Скопје

Премиерот Ковачевски со воведно обраќање ќе го отвори Скопскиот економски и финансиски форум 2023

15.09.2023 08:34

Со воведно обраќање премиерот Димитар Ковачевски ќе го отвори третиот Скопски економски и финансиски форум (СЕФФ), на тема „Европа – ДА, Европа – СЕГА“ во организација на Министерството за финансии...

Ве известуваме дека денес со почеток во 9:30 часот во хотел „Double tree By Hilton Skopje“ со воведно обраќање премиерот Димитар Ковачевски ќе го отвори третиот Скопски економски и финансиски форум (СЕФФ), на тема „Европа – ДА, Европа – СЕГА“ во организација на Министерството за финансии.

На конференцијата свои официјални обраќања ќе имаат и министерот за финансии Фатмир Бесими како и еврокомесарот за буџет и администрација Јоханес Хан, по што ќе следуваат тематски панел сесии каде ќе говорат претставници на европските банки – Европска инвестициска банка, Банка за развој при Советот на Европа и Европска банка за обнова и развој, на меѓународните финансиски институции – Светска банка и ММФ, УСАИД, како и претставници од владите во регионот и земјава, дипломати, претставници од бизнис-секторот, како и академската јавност.