Кочани

Почна жетвата на оризот, се очекува род од 20 илјади тони оризова арпа

16.09.2023 13:14

Комбајни и земјоделска механизација почнаа да го собираат родот на оризот во кочанско. Жетвата почна во регионот на Општина Зрновци. Првичните проценки се дека ќе се соберат над 20 илјади тони оризова арпа со квалитет подобар од лани...

Почна жетвата на оризот во кочанско. Родот најпрво се собира од површините во регионот на Општина Зрновци, каде и сеидбата се реализираше рано. Првичните проценки се дека приносите ќе бидат солидни, а во однос на минатата година квалитетот на родот е подобар. Од водостопанската подружница „Брегалница“ од Кочани која стопанисува со хидросистемот во источниот регион, ценат дека наводнителната сезона била успешна.

Заради обилните врнежи пролетва, површините под ориз се зголемија за околу една четвртина од првичните планови. За идната година Водостопанство „Брегалница“ има план да обезбеди 43 милиони метри кубни вода за оризните површини.

Годинава оризот е застапен на 4.000 хектари од кои се очекува да се соберат над 20 илјади тони оризова арпа.

 

 

Славица Величковска