Од среда замрзнати цени на 50 производи
Дел од граѓаните песимисти дека од среда ќе има реално поевтинување на производите. Велат потребни се строги инспекциски контроли во маркетите. Високи се цените и на зелените пазари. Според нив луксуз станува и подготовката на традиционалната зимница...

Граѓаните со позитивни реакции за најавеното замрзнување на цените за 10 проценти на 50 основни артикли што треба да стартува од 20-ти септември, но со доза на песимизам дека трговците ќе постапат по одлуката.
И на зелените пазари високи се цените на овошјето и на зеленчукот. Граѓаните велат, традиционалната зимница станува луксуз. Пазарниот инспекторат ќе ги засили контролите на терен.
Од Владата најавија оние кои нема да ја почитуваат мерката и ќе ги подаваат продуктите по повисоки цени им се закануваат високи казни, но и затворање.
Билјана Јанакиеска
