Прилеп

Условите и платата диктираат вработување

17.09.2023 09:02

Отворени и активни огласи за вработување. Последно и компанијата „Бехтел и Енка“ за автопатите бара 2.000 работници. Државата вели дека одвојува повеќе пари за програмите за вработување. Што е пресудно за граѓаните – да работат во Македонија или да го фатат „европскиот пат“...

Што е пресудно за да се работи во Македонија или во странство? Граѓаните ги вагаат приоритетите. Фатих Фетаковиќ од Прилепско пет години работел во странство, во градежништво, ама си дошол и сака да работи во Македонија.

Други не се согласуваат и сметаат дека трудот не е платен.

За потребите на коридорите 8 и 10-д компанијата „Бехтел и Енка“ нуди работни места. Бараат преку 2.000 работници.

Кога станува збор за платата, компанијата ќе ги следи локалните фирми.

Од Агенцијата за вработување со податоци, годинава има најмногу, речиси 2 милијарди денари за Оперативниот план и програмите за вработување. Од јануари за 10.000 се намалил бројот на невработени и сега се 104.000. Во Прилеп се 6.200. Дали намалувањето е поради заминувањето во странство или се подобриле условите што ги нудат компаниите?

Граѓаните прават избор. Условите за работа и платата, главно, одлучуваат каде ќе работат.

 

Елизабета Митреска