Од среда сите производи со намалени цени ќе мора да се продаваат со ознака „гарантирана цена“
Нема повеќе промотивна продажба на производи во маркетите. Од утре стапува одлуката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи. Граѓаните се жалат на нарушени потрошувачки права, низа претставки до организацијата...

Гарантирана цена на производите кои се очекува да поевтинат за 10% од среда најави министерот Бектеши. Млечните, пекарските, месните производи, зеленчукот и овошјето се дел од листата на производи чие поевтинување се очекува да биде одобрено на седница на Влада.
Од Организацијата за заштита на потрошувачи велат дека мерките се придонесат за амортизација на ценовниот шок кој предизвика нарушување на потрошувачките права. Апелираат да се зголемат инспекциските контроли.
Прехранбените производи се во првата фаза од поевтинувањето, бидејќи таму биле забележани најмногу нелогичности. Бектеши денеска е на средба и со производителите на пијалаци. Најави зголемена надлежност на Пазарниот инспекторат веднаш да постапува и да затвора објекти.
Александра Велинова
