Владата ќе одлучува за намалување на цените
Владата на седница треба да донесе одлука со која ќе се намалат цените на над 50 прехранбени производи за најмалку 10 проценти...

Владата на седница треба да донесе одлука со која ќе се намалат цените на над 50 прехранбени производи за најмалку 10 проценти. Референтна цена за намалувањето на цените за 10 проценти е 1-ви август, одлуката ќе биде во сила до 30-ти ноември. Производите опфатени со одлуката во маркетите ќе бидат означени со „гарантирана цена“.
Листата е преземена од Државниот завод за статистика согласно со нивните методологии за утврдување на инфлацијата и на производите се трошат повеќе, рече министерот за економија Крешник Бектеши.
Со одлуката на Владата ќе има обврски за трговците на мало и на големо, како и за домашните производители.
