Бектеши: Намалување на цените на пијалаците наредната недела
Денеска добив неколку писма од нашите домашни производители на минерална вода, сокови, пиво кои ме известија дека доброволно се вклучуваат во кампањата Гарантирана цена со намалување на цените од минимум 10%- соопшти Бектеши на социјалните мрежи...

Министерот за економија Крешник Бектеши соопшти дека цените на безалкохолните и алкохолните пијалаци ќе се намалат за 10% во наредниот период, соопштуваат од Министерството.
„Намалување на цените на безалкохолните и алкохолните пијалаци! Денеска добив неколку писма од нашите домашни производители на минерална вода, сокови, пиво кои ме известија дека доброволно се вклучуваат во кампањата Гарантирана цена со намалување на цените од минимум 10%. Благодариме на поддршката“, напиша министерот Бектеши на својот Фејсбук профил.
